Реприза на црниот свилен фустан: Меган тајно се сретна со премиерката на Нов Зеланд

Англија– На тајната средба во Кесингтонската палата со премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн- Меган Маркл облече црна свечена коктел тоалета од свила и волна на Габриела Хирст што го носеше во април, на турнејата во Австралија и Нов Зеланд. Изгледот, војвотката од Сасекс го надополнила со сандали на Стјуарт Вајцман и дијамантски накит со новозеландско потекло.

Кралската двојка неколку пати се сретна со премиерката на турнејата, дури заедно го посетија и Музејот на народни ракотворби во Оукленд.

Со 38 години, Ардерн е најмладата премиерка во светот и неделава учествува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.