Ремзи ќе потпише договор со Јувентус на 18 јануари

Играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи ќе потпише петгодишен договор со Јувентус на 18 јануари, објави „Тутоспорт“.

Дваесет и осумгодишниот велшки фудбалер од италијанскиот шампион ќе добие 7,5 милиони евра годишна плата.

Во тековната сезона, Ремзи одигра 24 натпревари за Арсенал, постигна три гола и забележа шест асистенции.