Ременски прашува каде му е логиката на Мицкоски да го спореди „27 април“ со Нирнбершкиот процес?

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски, му препорачува на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, да прочита малку повеќе за судењата во Нирберг по Втората светска војна.
Во интервју за ТВ Алфа, Мицкоски вчера го спореди случајот за 27 април, со Нирнбершкиот процес каде им се судеше на нацисти кои биле поставени на водечки позиции за време на Третиот рајх, а Ременски прашува каде е логиката во оваа споредба.
„Види логика еј !?
Мицковски судењето за 27.04 и притворот за Чавков го споредува со судењето на нацистите во Нирнбершкиот процес и истовремено тврди дека обвинетите за 27.04 и Чавков се невини, жртви на прогон и гооллллеееммммииии патриоти !?
Алоооо, и студените во Нирнберг да не беа невини, прогонувани и патриоти !?
Каде и која му е логиката на оваа споредба и “навигација”?
Нека му каже некој да прочита повеќе за Нирнбершкиот процес, сведочењата обвинетите, оправдувањата што си ги давале за злосторствата и сл.
Единствената можна компарација со Нирнберг е потврдата на функционирањето на “теоријата на шрафови и запчаници” и “за одговорноста” што од овие процеси ги објасни големата Хана Арент.
Но, Хана Арент очигледно не е литература за Мицковски“, пишува Ременски.