Рекордна пресуда во САД: Американец осуден на 472 години затвор поради трговија со деца

Американски суд го осуди Брок Френклин (31) на 472 години затвор поради сексуална трговија со деца, а локалните медиуми оценија дека станува збор за рекордна казна на трговија со луѓе.

Френклин претходно оваа година, судот во Колорадо го прогласи за виновен по 30 точки од обвинението за трговија со малолетници и возрасни, како и поттикнување детска проституција.

Телевизјата ФОКС 31 Денвер наведува дека тоа е најдолготрајна затворска казна за трговија со луѓе во историјата на САД.

Френклин беше лидер на банда, која се занимавала со трговија на луѓе, а жртвите – многу девојки и жени – биле врбувани на „Фејсбук“, по што тие биле дрогирани и продавани преку интернет за сексуални услуги во хотели.

Бандата се состоеше од седум членови, од кои четворица беа веќе осудени.

Според податоците на Меѓународната организација на трудот, во светот повеќе од 40 милиони лица се жртви на трговија со луѓе, а околу четири милиони од нив се принудувани на сексуална експлоатација.