„Ред хот чили пејперс“ со ексклузивен концерт пред пирамидите во Гиза

Египет- Бендот „Ред хот чили пејперс“ свирел пред 10 илјади гледачи и тоа пред големите египетски пирамиди во Гиза, пренесува “BBC”.

Помеѓу уметниците кои настапиле на ова древно место пред Ентони Киедис и останатите членови на бендот се “Грејтфул Дед“, “Скопрпионс” и Френк Синатра.

Овој бенд од Калифорнија свирел на сцена која изгледала како овие престари градби. Настапот го отвориле со песната “Can’t Stop” од нивниот албум од 2002 година, “By The Way”.

Серијата концерти пред пирамидите во Гиза, кои ги поддржува египетското министерство за туризам, се доживуваат како обид за враќање на туристите во земјата по политичките превирања и бројните терористички напади кои во последните неколку години ја шокираа светската јавност.

Двочасовниот концерт бил емитуван во живо на Јутјуб.