Редок син дијамант продаден за 6,7 милиони долари

Швајцарија– Редок син дијамант кој изминативе 300 години ги мина во Европската кралска куќа е продаден на аукција во Женева за 6,7 милиони долари.

Елизабет Фарнс, ќерка на војводата од Парма, го добила дијамантот „Фарнс блу“ во 1715 година, кога се омажила за шпанскиот крал Филип Петти, објави Би-Би-Си.

Дијамантот потоа одел “од колено на колено” од Шпанија во Франција, Италија и Австрија. Каменот има 6.1 карати и доаѓа од познатиот рудник за дијаманти Голконда во Индија.

Продаден е само четири минути откако беше понуден на аукцијата и лесно ја надмина проценетата цена од 3,5 милиони долари.

-Очекувавме добар резултат, но почнавме од 3,5 милиони и завршивме со 6,7 милиони, па ги надминавме нашите очекувања”, рече Даниела Макети, експерт на аукциската куќа „Сотби“.

Според неа, дијаманти како овој, кои се со висок квалитет и имаат историја, на аукција поминуваат многу добро.

На сајтот на „Сотби“ се вели дека овој скапоцен камен некогаш бил дел од тијарата на француската кралица Марија Антоанета.