Редок призор: Јелена Ѓоковиќ во бикини

Јелена Ѓоковиќ последните денови од август ги минува во Шпанија, во летувалиштето Малага, а  секој слободен момент го користи да се опушти и ужива во морските убавини, додека нејзиниот сопруг настапуваше на турнирот од мастерс серијата во Синсинати.

Секако, друштво и прави синот Стефан, а денеска објави заедничка фотографија на која се гледа како тој ја фотографира својата мајка додека таа му позира.

Ова е една од ретките прилики кога сопругата на Ноле позира во бикини. Таа изгледа одлично и по две породувања. Линијата ја одржува со постојано вежбање, но има и посебен режим на исхрана.

„Не јадам риба, месо, млечни производи, шеќер. Мојата диета е 70 отсто сирова храна, 30 отсто варена (супа, тестенини, киноа, ориз). Јас немам проблем со глутенот, но сепак, го избегнувам. Дали е тешко? Не, ако знаете зошто тоа го правите. И да, тешко е да се најде вистинска храна, подготвена на здрав начин. Затоа организацијата и добрата информираност е клучна. Среќна сум што имам партнер кој е посветен како и јас да остане јак и здрав. Води сметка за исхраната, иако нашите режими на исхрана се разликуваат малку“, напиша во една прилика на социјалните мрежи Јелена.