Ревија и хуманост во МОБ: Колекција „Миг“ на Мите Занов
Синоќа во МОБ во Скопје се одржа модна ревија на креаторот Мите Занов, поддржана од Министерството за култура и Општина Валандово.
Ревијата на младиот креатор Мите Занов во Македонската Опера и Балет ја презентираше новата колекција „Миг”- (Moment), и имаше и хуманитарен аспект. Имено, се собираа донации за лекување на 23-годишниот Борче Проданов кој боледува од dystrophy musculorum progressive.