Реал ќе конкурира на Јуве и Барса за потписотна Де Лихт

Реал Мадрид се вклучува во битката за Матијс де Лихт од Ајакс, соопшти радио „Кадена СЕР“. Холанѓанецот ја доби награда „Златно момче“ за најдобар играч до 21 година на Стариот континент.

Според шпанските медиуми, „кралскиот“ клуб има исклучително многу позитивни извештаи од своите скаути за холандскиот талент и затоа подготвува понуда за него во следниов период.

Сериозен интерес за Де Лихт пројавуваат уште Барселона и италијанскиот шампион Јувентус, кој засега е сметан како фаворит за потписот на дефанзивецот.