Реал Мадрид потврди дека Роналдо заминува во Јувентус

Реал Мадрид потврди дека му дозволил на Кристијано Роналдо да се премине во Јувентус, откако фудбалерот изрази желба да замине од шпанскиот клуб.

По големиот број шпекулации во европските медиуми, попладнево стигна и официјална потврда од европскиот шампион за трансферот на Роналдо.

Реал му се заблагодари на Роналдо за неговите постигнувања во клубот и му порача дека неговото име ќе остане длабоко врежано во историјата на Реал.

Веднаш откако беше официјализиран трансферот, официјалниот сајт на Реал Мадрид ја објави прошталната порака на Роналдо.

Во емотивната порака Португалецот признава дека сам побарал да биде прифатена понудата бидејќи сакал да ја промени средината, но акцентира дека годините поминати во Мадрид биле најубави во неговиот живот.