Реал ги промовираше новите дресови, Роналдо не учествуваше во презентацијата

Гласините за разделба меѓу Кристијано Роналдо и хегемонот во Лигата на шампионите – Реал Мадрид продолжуваат да се засилуваат.

„Кралскиот клуб“ официјално ги претстави дресовите за следната сезона, но петкратниот добитник на „Златната топка“ не учествуваше во презентацијата.

Отсуството може да се објасни и со фактот дека португалскиот репрезентативец има личен договор со „Најк“, додека Реал со „Адидас“. Сепак, Герет Бејл, за кој се смета дека сигурно заминува, зема учество во неа.

Во новите дресови на Реал нема големи промени, а нивната прва резервна боја ќе биде црна.