Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на премиерот Заев

СДСМ и Зоран Заев, наместо да работат се посветени на гола реторика и креваат непотребна еуфорија, со цел прикривање на реалната состојба во општеството и економијата, која е катастрофална, се вели во реакцијата  на ВМРО-ДПМНЕ.

“Државата доби само враќање на позитивната препорака на ЕК за почеток на преговорите на Република Македонија за влез во ЕУ, која државата ја добиваше 6 години во низа, за последните 2 да бидат условени, токму заради политичката криза во која ја втурна СДСМ државата. ВМРО-ДПМНЕ, спротивно на СДСМ не искреира политичка криза и помогна државата да ги исполни потребните реформи. Нивото на реализација на планот 3-6-9, на истекот на 9-от месец беше едвај 50%, по што мораше ВМРО-ДПМНЕ да помогне и работите да тргнат од мртва точка”, стои во реакцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не знае и не може и нема ниту капацитет, ниту идеја како реално да ја придвижи државата напред.