Реакции по признавањето на Трамп на Ерусалим за главен град на Израел
Палестинската организација Хамас во првичниот коментар во врска со одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел нагласува дека со тој потег „се отвораат вратите на пеколот“.
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.
Макрон повика по секоја цена да се избегне насилството
Израелскиот претседател Реувен Ревлин ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за престолнина на Израел и да ја премести таму американската амбасада.
– Му честитам на претседателот Доналд Трамп на неговата најава за американско признавање на Ерусалим за главен град на Израел и на очекуваниот чекор за преместување на амбасадата. Нема посоодветен или поубав подарок во пресрет на 70-годишнината од независноста на дражавата Израел, наведе Ревлин.
Тој оцени дека овој чекор претставува признавање на „правото на еврејскиот народ на сопствена земја и пресвртница на нашиот пат кон мирот – мир за сите жители на Ерусалим и за целиот регион“.
– Ерусалим не е, и никогаш нема да биде, пречка за мир за оние кои сакаат мир, истакна тој.
Стејт департментот испрати телеграма до сите свои дипломатски мисии во светот со која наредува службениците во нив да ги одложат патувањата до Израел, Ерусалим и Запдниот брег до 20 декември.
Амбасадата во Тел Авив и Генералниот конзулат во Ерусалим ги замолуваат сите посетители чии патувања не се итни, да ги одложат своите патувања до Израел, Ерусалим и Зпадниот брег до 20 декември, се наведува во телеграмата.
Во неа не се укажува за причината за таквото барање