„Раша тудеј“ ќе емитува програма и на француски јазик
Руската државна телевизија „Раша тудеј“ денеска ќе почне со емитување програма на француски јазик, седум месеци откако францускиот претседател Емануел Макрон рече дека рускиот медиум шири пропаганда која наведува на погрешна трага.
РТ веќе е присутна во Франција преку интернет-страница на француски јазик и преку популарниот канал на Јутјуб со снимки кои имаат титлови на француски, од кои некои имаа и по стотина илјади прегледи.
Новата ТВ-мрежа има педесетина новинари кои ќе работат во ново студио сместено во западен Париз.