Расте бројот на жртви во земјотресот во Индонезија, Владата соопшти за 405 загинати

Бројот на жртвите во двата земјотреси и цунамито кое го предизвика вториот посилен потрес во Индонезија надмина 400 лица, соопштија локалните власти.

Владата соопшти дека загинале најмалку 405 лица, а стотици се повредени.

Спасувачките екипи се уште не можат да стигнат до градот Донгала, кој беше поблиску до епицентарот на потресот. Постои опасност бројот на загинатите да достигне неколку илјади