Рамос: Имаме можност повторно да покажеме дека сме кралевите на Европа

Фудбалери на Реал Мадрид учествуваа во специјален настан пред денешниот тренинг во спортскиот центар „Валдебебас“, организирано од „Movistar Likes“.

Педесетина фанови на „лос бланкос“ ја имаа честа да се сретнат со своите идоли и да им постават прашања пред финалето во Лигата на Шампионите.

– Имаме можност повторно да покажеме дека сме кралеви на Европа. Работа, упорност и жртва ни го донесоа ова финале. Би било остварување на сонот да го освоиме трофејот трет пат по ред, изјави капитенот Серхио Рамос.

Битката за трофејот е на 26 мај во Киев.