Рамос за Иниеста: Да се викаше „Андресињо“ ќе ја освоеше двапати „Златната топка“

 Шпанскиот репрезентативец Серхио Рамос го прокоментира фактот дека Андрес Иниеста никогаш не ја освои „Златната топка“.
– Ако тој се викаше Андресињо, ќе ја освоеше наградата најмалку двапати, изјави дефанзивецот на Реал Мадрид.
Се очекува утре искусниот играч од средниот ред да објави дека по завршување на сезоната ја напушта Барселона за да игра во кинеското првенство.
Инаку, пред два дена од Франс фудбал, кој ја организира „Златната топка“, официјално му се извинија на Иниеста поради тоа што не му ја доделиле наградата.
Херојот на Шпанија беше најблиску до најголемото индивидуално одличје во 2010 година. Тогаш тој заврши на втора позиција зад својот тимски колега Лионел Меси.
Иниеста ја донесе титулата од Светското првенство на „Фуријата“ со гол во дополнителното време против Холандија.