Рами Малек падна по преземањето на Оскарот, повикана итна помош

Актерот Рами Малек, кој ја толкува главната улога во филмот „Боемска рапсодија“, за која доби бројни пофалби и признанија, а вчера за неа доби и признание Оскар, прв во неговата кариера. Но, славниот актер ќе го памети по неславниот пад поради кој на доделувањето беше повикана итна помош.
Кога беше повикан како добитник на Оскарот. Малек ја бакна девојката и продолжи да чекори кој бината. Одржа краток говор заблагодарувајќи им се на сите кои биле тука за него.
Исто така, рече дека впечатоците му се мешале додека го читал сценариото за филмот и дека во еден момент помислил дека овој филм ќе му го промени животот и кариерата, а во друг момент мислел дека таа улога ќе го уништи како актер.
Откако одржа говор почна да се симнува од бината и при тоа падна. На помош му притрчаа бројни актери, а повикана е и брза помош. Според странските медиуми, нема последици од падот, а Малек нормално одел до крајот на вечерта.
На конференцијата за медиуми не го коментираше падот.