Ракомет: Македонија на „Трофеј Карпати“, прв противник Бразил

Женската ракометна репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе учествува на традиционалниот „Трофеј Карпати“ во Романија. Покрај избраничките на селекторот Симе Симовски и домашната селекција, на турнирот ќе настапат и Полска и Бразил кои, пак, од 1 до 17 декември ќе бидат дел и од Светското првенство во Германија.

Прв ривал на Македонија, попладнево од 16 часот, ќе биде Бразил, за утре (15 ч.) е закажан дуел со Романија и во недела (13 ч.), во последното коло, националниот тим ќе игра против Полска.

Македонија не успеа да избори учество на СП 2017 во Германија. По успешно минатата група, составот на Симовски беше елиминиран во бараж двомечот од Шведска.