Ракомет, Лига на шампиони: Металург немоќен со Мотор

Македонскиот вицепрвак Металург со пораз го заврши својот настап пред домашната публика во ракометната Лига на шампионите.

Металург попладнево загуби од Мотор Запорожје со 22:30, полувреме 11:16, во дуелот од претпоследното 9. коло во Д групата што се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Многу рано гостите резултатски се одлепија, па веќе во шестата минута имаа и четири гола предност 1:5. Избраниците на Јовиќ никако не успеаја да возвратат со серија, па на одмор заминаа со негатива од 12:16. Во второто полувреме украинскиот тим рутинирано ја одржуваше, но и зголемуваше предноста, која на крајот изнесуваше осум гола разлика 22:30.

Најефикасен во редовите на Металург беше Дарко Димитриевски со пет гола, додека Халил Јагањац постигна четири.

Во првиот меч од Д група Чеховски Медведи го победи Спортинг Лисабон со 30:27.

Токму португалскиот тим ќе биде последниот противник Металург во Лигата на шампионите, во мечот кој ќе се игра во Лисабон на 2 декември.