Ракометно ЕП: Хрватска ја порази Норвешка во најдобрата партија на шампионатот

Хрватска ја забележа и втората победа во Загреб на Европското ракометно првенство и се придружи на Франција на врвот на табелата во групата 1 со шест бода. „Коцкестите“ вечерва го одиграа најдобриот меч на шампионатот и со 32:28 (полувреме 15:13) ја совладаа Норвешка.

Штрлек со шест погодоци, Циндриќ со пет и Мамиќ со четири беа лидери во составот на Лино Червар. Голем придонес во триумфот на Хрватите имаше и голманот Иван Стевановиќ кој со своите интервенции не дозволи да биде нарушена радоста на домашната селекција на турнирот. Најефикасни во поразената репрезентација беа Сагосен со седум погодоци и Бјорнсен со шест.

ЕП во ракомет

Група 1, 4 коло

Хрватска – Норвешка 32:28

Шведска – Франција 17:23

Табела: Франција 6 (-1), Хрватска 6, Норвешка 4, Шведска 4 (-1), Белорусија 0 (-1), Србија 0 (-1).