Ракометна ЛШ: Минимален пораз на Металург на гостувањето кај Бешикташ

Пораз со еден гол разлика (22:23) претрпе Металург попладнево од Бешикташ во осмото коло во Лигата на шампиони во ракомет. За металурзи ова е седми загубен меч во групата Ц, а за составот од Истанбул трета победа, но и двете екипи се без шанси за наредната фаза во натпреварувањето.

По пет гола за екипата од Автокоманда постигнаа Марио Танкоски и Анте Токиќ, прв стрелец на средбата беше Рамазан Доне. Репрезентативецот на Македонија, Немања Прибак учествуваше со еден погодок во триумфот на Бешикташ.

Вториот македонски претставник во елитното натпреварување, тимот на Вардар, вечер од 19 часот ѝ гостува на Барселона