Ракометар на Вардар излета од патот со својот автомобил


Ден откако беше прогласен за најдобар спортист на Црна Гора, Вуко Борозан доживеа пех – имаше сообраќајна несреќа и доведено е во прашање неговиот настап на престојното Европско првенство во Хрватска. Како што пренесуваат медиумите во Подгорица, до несреќата дошло кога 23-годишниот ракометар на Вардар во близина на родното Цетиње изгубил контрола врз својот автомобил и излетал од заледениот пат. Поминал со полесни повреди, но страдал бутниот мускул, поради што се предвидува пауза од два месеци. Конечна потврда околу тежината на повредата нема. Црна Гора е во група заедно со Македонија, Германија и со Словенија, а првите три репрезентации го продолжуваат настапот на ЕП.