Ракометарките против Словенија во баражот за СП 2019

Репрезентацијата на Словенија ќе биде противник на Македонија во бараж за женскотo ракометнo Светско првенство во 2019 година. Првата средба ќе се одигра во Скопје кон крајот на мај или на почетокот на јуни, а реваншот е по седум дена во гости. Победникот од двомечот ќе обезбеди учество на завршниот турнир во Јапонија (30 ноември – 15 декември).

Двојки за бараж за СП 2019

Македонија – Словенија
Хрватска – Германија
Данска – Швајцарија
Шведска – Словачка
Белорусија – Норвешка
Србија – Полска
Чешка – Црна Гора
Шпанија – Исланд
Австрија – Унгарија