Ракометарите тренираат под водство на Раул

Ракометната репрезентација на Македонија од денеска работи од „командата“ на селекторот Раул Гонзалез. Тој денеска се врати од Шпанија каде ги мина Божиќните празници.

За комплетирање на репрезентацијата на подготовките за Европското првенство во Хрватска 2018 потребно е да стигнат уште „германците“ Филип Миркуловски и Филип Талески, додека денеска со Раул дојде и Немања Прибак, кој имаше обврски со Бешикташ.

– Уште не сме комплетни, задутре ќе ги имаме сите на располагање. Првите денови ќе работиме на физичката кондиција и на тоа што претходно го имаме работено. Мислам дека ќе имаме доволно време за анализи на нашите ривали, особено откако ќе играат и контролни дуели, изјави селекторот Раул.

Македонската ракометна репрезентација тренинзите ги одржува во СЦ „Борис Трајковски“.