Ракометарите на Вардар подобри од Берлин


По убедливиот пораз од Хамбург на првиот натпревар во пред сезоната, ракометарите на Вардар денеска славеа уште поубедлива победа над Фуксе Берлин.

Македонскиот шампион победи со 32:24 (15:13), средбата се играше во рамки на Хајде Куп, каде се уште и Кристијанштад и Лајпциг, а и актуелниот шампион Монпеље.

Тимур Дибиров со седум гола беше најефикасниот играч на Вардар, а Ханс Линдберг со 11 гола најефикасен на натпреварот