Разбојник од канцеларијата на „Брза пошта“ во Аеродром одзел 680.000 денари

Непознат сторител вчера извршил разбојништво во канцелерија на „Брза Пошта“ на булевар „Јане Сандански“ во Скопје.

Како што соопшти МВР, разбојништвото било извршено околу 7часот кога сторителот со закана со пиштол од вработената одзел 680.000 денари и побегнал.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.