Раде Шербеџија уапсен пијан со шише виски

Актерот Раде Шербеџија бил уапсен во САД бидејќи возел пијан, откако полицајците приметиле дека вози нестабилно и дека за малку ќе удрел неколку автомобили, јавува TMZ.

Полицајците од Санта Моника минатиот викенд го запреле автомобилот на седумдесет и едногодишниот Шербеџија, а внатре нашле отворено шише со виски.

Шербеџија бил уапсен, а потоа шуштен со кауција.