Работнички ја продолжи победничката серија, сега над МЗТ

Работнички ја забележа вечерва 19 победа од почетокот на сезоната во кошаркарската Прва лига, совладувајќи го шампионот МЗТ Скопје Аеродром.
Победата над лутиот ривал Работнички ја извојува во празната сала „Градски парк“, по синоќешните инциденти на дербито кое почна вчера, а беше прекинато по недоличното однесување на двете навивачки групи.

Натпреварот вечерва продолжи со резултат 62:50, а заврши со 100:84 за најтрофејниот македонски кошаркарски клуб.

По вечерашниот триумф Работнички направи голем исчекор кон пол-позицијата во разигрувањето за титулата.