Работнички подобар од МЗТ во „вечното дерби“

Екипата на Работнички го совлада МЗТ Скопје со 88-90 (44-48) во дуел од Првата кошаркарска лига, одигран во СЦ „Јане Сандански“.
Во 144. дуел меѓу големите ривали, пред над 4 .000 гледачи, двата тима покажаа ефикасна игра, а освен во почетокот на дуелот, натпреварот се играше кош за кош и двата тима се менуваа во водството.
Во последните две минути се влезе со изедначен резултат, а на 50 секунди пред крајот, бекот на гостите, Димитар Мираковски погоди тројка за водство од 86-89 за тимот од „Градски Парк“. Потоа следеше пенал-завршница, во која поуспешен беше тимот на Марин Докузовски.
Аеродромци имаа шут за победа на една секунда пред крајот, но не беа прецизни од далечина.
Најпрецизен кај победникот и на натпреварот беше Марјан Јаневски со 30 поени, од кои шест тројки, додека кај МЗТ Скопје најефикасен беше Андрија Бојиќ со 21.
Во следното коло, Работнички ќе биде домаќин на Фени Индустри, додека МЗТ Скопје гостува кај Кожув.