Работна група за тендерска документација за избор на универзален снабдувач со струја

Министрите на денешната владина седница ја разгледаа и ја усвоија Информацијата во врска со формирање на работна група која ќе подготви тендерска документација за спроведување на тендерска постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија.

– Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен на економски прашања е задолжен во рок од 7 дена да формира работна група составена од претставници од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен на економски прашања, Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика. Предлог за членови и заменици членови во работната група до Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен на економски прашања, треба да достават Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика, наведува владината прес-служба.

Потоа оваа работна група, во соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница, во рок од 60 дена треба да ја подготви тендерската документација за спроведување на тендерска постапка по пат на јавен повик согласно прописите со кои се уредува набавка на јавна услуга за избор на универзален снабдувач со електрична енергија и снабдувач во краен случај со електрична енергија и да ја достави до Владата.