Пјонгјанг: Веќе не е прашање дали ќе има војна, туку кога


Големите заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја и заканите за американскиот превентивен напад, ја прават војната на Корејскиот Полуостров „факт“, соопшти министерството за надворешни работи на Северна Кореја.

– Останува прашањето кога ќе почне војната. Не сакаме војна, но нема да бегаме од неа доколку САД лошо го проценат нашето трпение и го запалат фитилот на нуклеарна војна, ќе ги натераме да платат за последиците со нашата моќна нуклеарна сила, која значително ја зајакнавме – наведе портпаролот.

Пјонгјанг досега во неколку наврати се закануваше дека ќе употреби атомски бомби како одговор на евентуален американски напад врз земјата, при што цели на нуклеарните проектили би биле териториите на САД и на нивните сојузници во регионот.