Пуџдемон бара ослободување за каталонските сепаратисти

Поранешниот челник на каталонското движење за независност кој побегна од Шпанија, Карлес Пуџдемон, повика 12 сепаратисти на кои денеска им почна судењето во Мадрид да бидат ослободени од обвиненијата за кои се товарат.
Карлес Пуџдемон за новинарите во Берлин изјави дека „судењето почнало утрово во Мадрид и е тест за комплетниот шпански правосуден систем, па затоа е тест и за шпанската демократија.
„Јас, сепак, верувам дека шпанската држава ќе ја искористи оваа прилика да објави правилна пресуда, а тоа е ослободување“, изјави Пуџдемон.
Тој избегна испорачување од Германија кога германскиот суд одби да го врати во Шпанија. Живее во Белгија од октомври 2017 година.
Дванаесет високорангирани сепаратисти, чие судење пред Врховниот суд на Шпанија почна денеска, се соочуваат со бројни обвиненија, вклучувајќи го и она за бунт“, пренесе Асошиејтед прес.