Путин: Спречивме 60 терористички напади во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека руските безбедносни служби спречиле повеќе од 60 терористички напади во текот на оваа година и нагласи дека Русија ќе продолжи да ги уништува „упориштата“ на меѓународниот тероризам.

Тој тоа го истакна за време на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на вработените во државните безбедносни агенции.

– Ќе продолжиме со неутрализирање на упориштата на меѓународниот тероризам и ќе дејствуваме заедно во соработка со другите земји и сите оние кои се подготвени за борба против оваа глобална закана, како и за продолжување на размената на информации, додаде Путин.

Рускиот лидер во неделата телефонски му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за информациите кои Кремљ го доби од ЦИА, а кои помогнале за спречување на бомбашки напади во Санкт Петербург минатата недела.