Путин: Порано или подоцна ќе морам се оженам

Рускиот претседател Владимир Путин денеска не ја отфрли идејата дека е можно еден ден повторно да се ожени.

„Како пристојна личност, порано или подоцна ќе морам да го сторам тоа“, одговори Путин на шега одговарајќи на новинарско прашање.

Путин го праша и новинарот што го постави прашањето дали е оженет. Откако новинарот одговори потврдно, Путин на шега рече: „Тој се оженил и сега сака и јас да се женам“.

Рускиот претседател и неговата сопруга Људмила во јуни 2013 година објавија дека се разведуваат.