Пукање на повеќе локации во Утрехт

Осомничениот кој застрела повеќе луѓе, од кои еден најверојатно почина, во трамвај во Утрехт, Холандија, сѐ уште е во бегство, соопшти шефот на полицијата за контра-тероризам.
„Во Утрехт имаше пукање на повеќе локации“, рече шефот на контра-терористичкиот тим Питер-Џап Алберсберг, на прес-конференција.
„Многу детали сѐ уште се нејасни и локалните власти работат на тоа да ги дознаат фактите. Знаеме дека штетата е огромна“, дода тој.
Според холандскиот јавен сервис NOS, полицијата ја опколила зградата каде се верува дека се крие напаѓачот.
Локалната телевизија RTV Utrecht цитира очевидец кој видел жена како лежи на земја, некаков конфликт и мажи што бегаат од местото на настанот.
Репортерот на  NOS вели дека во близина на трамвајот каде се пукало има човек покриен со бел чаршав.
Утрехт, холандскиот четврти град по големина, познат по неговите канали има голем број студенти. Убијците со оружје се реткост во Утрехт, како и секаде во Холандија.
Полицијата на Утрехт ја стопира трамвајската станица на периферијата на градот и обезбедена е со кордон полицајци. Службите за итна помош се на местото.