Пукано кон возило во движење во Карпош

Непознато лице вчера пукало кон возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.П, кое се движело по булеварот „Октомвриска револуција“ во Скопје.

Како што информира МВР, случајот во Полициската станица Карпош синоќа во 22 часот го пријавил Д.П.

– Непознатиот пукал од паркинг на хотел кон возилото на Д.П, по што со друго возило побегнал во непознат правец. Д.П. не бил повреден, но била причинета материјална штета на неговото возило, наведуваат од МВР.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.