Птица удрила во авион на „Визер“ и го вратила во Скопје

Патниците што во неделата попладне полетале со „Визер“ од Скопскиот аеродром за Париз, кусо време по полетувањето, пак се вратиле на аеродромот „Скопје“. Причина за тоа бил удар на птица во авионот, кога тој го надлетувал Косово.

Од М-НАВ го потврдија настанот.

„На 16 септември, воздухопловот на ‘Визер’ со број на лет 241, на релација Скопје-Париз, по полетување пријавил bird strike (удар во птици) и во консултација со пилотот се вратил назад за Скопје, при што слетал безбедно. По извршена техничка проверка, тој полетал за Париз со околу 2 часа задоцнување“, ни изјавија од М-НАВ.

„Визер“ лета за Париз со ербас А-321, со 230 седишта.

(А.С.)