ПСЖ прв патник на ракометниот Ф4 во Келн

Ракометарите на Пари Сен Жермен го добија и реваншот од четвртфиналето со Киелце и први изборија пласман на „Фајнал Фор“ турнирот од ЕХФ Лигата на шампионите.

ПСЖ во реваншот го совлада полскиот првак со 35:32 и со вкупни 69:60 одат во келн.

Во другите четвртфинални пресметки играат: Вардар Кил (прв натпревар 29:28 за македонскиот и европски шампион), Фленсбург – Монпелје (прв натпревар 28:28) и Скјерн – Нант (прв натпревар 33:27 за Нант).

Турнирот во Келн, Германија ќе се игра на 26 и 27 мај.