ПСЖ го испрати Ло Селсо во Бетис

Фудбалерот на ПСЖ, Џовани ло Селсо, следната сезона ќе настапува за Бетис како позајмен играч.

Ло Селсо веќе се наоѓа во Севиља, а по лекарските прегледи ќе ја официјализира соработката со новиот клуб.

Засега не е објавена сумата која Бетис ќе ја плати за позајмицата, но се знае дека следното лето за 30 милиони евра ќе може да го откупи договорот на 22-годишниот фудбалер.

Тој во Париз дојде минатото лето од Росарио со трансфер вреден десет милиони евра. Минатата сезона за ПСЖ одигра 54 натпревари и постигна шест голови, но не успеа да се избори за место во тимот на новиот тренер Томас Тухел.