Протест на грчките пензионери го блокираше центарот на Атина

Неколку илјади пензионери го блокираа центарот на Атина попладнево во протест против најавеното ново намалување на пензиите, јави новинската агенција ДПА.

Сообраќајот во центарот на грчкиот главен град е во целосен застој од демонстрантите кои извикувале „вратете ни ги парите“ и „ние си ги заработивме пензиите“.

Од почетокот на грчката економска криза во 2010 година грчкиот Парламент гласаше десетина пати да ги намали пензиите.