Протести во Ново Село за поддршка на Чавков

Протест за поддршка на Митко Чавков, поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, се одржа вечерва во Ново Село, Струмичко.

Демонстрантите еден час маршираа низ улиците на општината, носејќи пароли „Слобода за Митко Чавков“. Роднина на Чавков се обрати на протестот кој дојде како реакција на затворската казна од 18 годинини, која е највисока во споредба со другите обвинети за насилствата во парламентот на 27 април 2017 година. Таа рече дека Чавков се борел за Македонија.

Чавков потекнува од оваа општина во близина на Струмица.

Вкупната казна за 16 учесници во настаните на 27 април е 211 години затвор, но таа е првостепена, така што обвинетите се во притвор до нејзината правосилност.