Пронајден починат прилепчанец во река кај „Подводенци“

На место викано „Подводенци“ – Прилеп, во водите на локалната река вчера околу 16 часот бил пронајден починат О.Н. (67) од Прилеп. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

МВР денеска соопшти дека увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.