Промоција на стихозбирката „Пеперутка од пепел“ од Сузана В. Спасовска

Во Клуб-ресторанот на Младинскиот културен центар, утре, во 19 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Пеперутка од пепел“ на Сузана В. Спасовска. Промотори на нејзината нова, четврта книга поезија, се Владимир Мартиновски и Александра Јуруковска.

Авторката магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега ги објавила стихозбирките: „И љубов и заговор“ (1996), „Смртно писмо“ (2002), „Божествена жена“ (2006) и „Низ темјанот, еден лилјан“ (2014). Пишува и објавува критичкотеориски текстови во дневните весници и во периодиката.

Нејзини песни се застапувани во некои од антологиските избори на современата македонска поезија. Во 2006 година ја приредила и антологијата на поновата македонска поезија „Пурпурни извори“, во издание на Струшките вечери на поезијата. Работи како професионален лектор.