Променливо облачно, од недела затоплување

Времето во земјава ќе биде променливо облачно време, повеќе облачност ќе има во јужните делови каде што ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од седум до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно време со дневна температура до 16 степени. Во Маврово дневната температура ќе биде 7 степени, Охрид 11, Битола 12, Кавадарци 15, Крива Паланка 13, Берово 9, Дојран 15.

Од утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст – Скопје 17, Маврово 8, Охрид 12, Битола 15, Кавадарци 17, Берово 10, Крива Паланка 15, Дојран 18.

Во сабота ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Додека во недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец.

Во недела температурата ќе се искачи до 21 степен што е враќање на вистинската пролет во Македонија, по овој ладен бран кој го имаме овие денови.