Пролетта пристигна и календарски

Пролетта во земјава и на северната хемисфера пристигна синоќа во 22 часот и 58 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи есента.

Првиот пролетен ден во земјава ќе трае 12 часа и 05 минути. Сонцето изгреа во 5:39 часот, а ќе зајде во 17:44 часот.

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото.

Летното сметање на времето, пак ќе почне ноќта меѓу 30 и 31 март, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

Европските земји сега се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика од следната година.

Со 384 гласа „за“ пратениците во Европскиот парламент изгласаа укинување на летното и зимско сметање на времето, додека против укинување гласаа 154 европски пратеници.

Барањето за укинување на поместувањето на стрелките на часовниците го покрена Европската комисија во Унијата поради повеќе докази за негативно влијание од праксата. Освен негативно влијание врз човековиот биоритам, ваквата пракса доведува и до зголемен број сообраќајни несреќи, но и пад на продуктивноста на работното место.

Летното и зимското сметање претходно е укинато во Русија, Турција, Белорусија и Исланд.