Пролетно издание на „Скопје синема сити“

На 20 и 21 април, во Кинотеката на Македонија филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе го организира пролетното издание на фестивалот. За време на овој филмски викенд ќе бидат прикажани четири документарни филма од домашна и странска продукција.

В петок во 20 часот ќе биде прикажан „Џеф Бакли: Сите тука те посакуваат“, а во 21.30 – „1959 -Годината што го промени џезот“.

В сабота во 20 часот ќе биде прикажан „Телма докубенд: ‘Суперхикс’“, во режија на Јордан Дуков, а влезот ќе биде слободен. Во 21.30 часот ќе биде прикажан „Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата“.

Билетите ќе чинат 100 денари, освен за филмот за „Суперхикс“.