Продолжува техничкиот дијалог Белград – Приштина

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Марко Ѓуриќ и Авни Арифи денеска во Брисел ќе имаат уште една рунда разговори со посредство на директорката за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи Ангелине Ајнхорст.

Техничкиот дијалог Белград – Приштина се одржува по три месеци пауза.

Арифи изјави дека дијалогот со Белград е во критична фаза за иднината на Косово и оти не очекува резултати од претсојната рунда в недела, кога во Брисел ќе се сретнат претседателите на Косово и на Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ.