Продолжува слабиот настап на македонските пливачи на ЕП во кратки базени

На Европското првенство во пливање во кратки базени (25 метарски), што се одржува во Копенхаген, македонските пливачи повторно беа меѓу најслабите.

Девојките завршија на последното место во своите трки, додека Ангеловски зад себе остави само двајца противници.

Ана Јаневска беше последна, 39-та во дисциплината на 100 метри делфин, која ја преплива во време од 1:05.34 минути

И Миа Крстевска заврши последна, 47-ма на 50 метри грбно пливајќи резултат 30.79 секунди.

Љупчо Ангеловски на 50 метри делфин оствари време 24.95 секунди што беше доволно за 48. место во конкуренција на 53-ца пливачи, колку настапија во оваа дисциплина

За нашите пливачи остануваат уште утрешните настапи на Ана Јаневска (50 м. слободно) и Давор Петровски (200 м. делфин).

Инаку, на Шампионатот учествуваат околу 700 пливачи од 45 држави.