Продолжува кризата на Милан

Во четврт последователен натпревар во Серија „А“, Милан не успеа да постигне гол, откако изненадувачки одигра 0: 0 на гостувањето кај аутсајдерот Фросиноне во натпревар од 18-тото коло.

Средбата на стадионот „Бенито Стирпе“ беше изедначена, а и „канаринците“ имаа свои шанси. Нивниот гол на крајот на првото полувреме беше дури и поништен со ВАР.

По овој резултат, кариерата на Џенаро Гатусо, најверојатно, ќе продолжи далеку од „Сан Сиро“. На табелата „росонерите“ го заземаат 5-то место со 28 поени, но со натпревар повеќе од директните конкуренти за место во Топ 4.

Фросиноне останува на претпоследната 19-та позиција, но веќе со 10 поени.